Битолчанец се обидел да обљуби малолетничка во кичевско

Чичевската полиција во петокот утрото го привела 20-годишниот Е.К. од Битола, кој е осомничен за обид за силување на малолетнилка во Кичево.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека за приведеното лице претходно е пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од едно кичевско село.

По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе кривична пријава на приведениот според член 186 од Кривичниот законик.