Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

архивска илустрација

На 09.07.2021 во 13,45 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Солунска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(31) од селото Другово-кичевско и мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот Г.П. од Битола, информира МВР.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.