Битолчанец загина во сообраќајна несреќа

Битолчанецот А.Б. (34) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола – граничен премин Меџитлија.

Од СВР-Битола информираат дека несреќниот настан е регистриран кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, кога патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од битолчанецот излетало од коловозот.

На пат за Клиничката болница во Битола, возачот починал. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.