1.1 C
Skopje
недела, декември 15, 2019

Битолчани на протест поради лажните ветувања на СДСМ, советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна санација на проблемите

61

Локалната власт предводена од СДСМ веќе две години ги игнорира барањата за атмосферска и фекална канализација, чистење на речното корито на реката Драгор, асфалтирање на 600 метри улички и дислокација на дрвени електрични столбови на локалното население од улица 16-та и Мал Париз, посочува Иванчо Тошевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

-Лажните ветувањата за живот на СДСМ и Петровска во Битола секојдневно излегуваат на површина. Како Советничка група по барање на граѓаните на последната 46-та Седница на Совет на Општина Битола побаравме измени и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019год. Со цел средствата предвидени за инфраструктура во овие населени места повторно да бидат дел од оваа иста програма и веднаш да се отпочне со санација на проблемите. Од страна на мнозинството и Претседателот на Совет добивме објаснување дека сега е безпредметно да се дискутира за вакво нешто, порачува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.