Битолчанка фатена со хероин во Гостивар

15

Македонската полиција упадна во домот на девојка во Гостивар и веднаш ја приведе откако пронајде хероин.

Околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле 28-годишната С.В. од Битола.

При претрес извршен со судска наредбa на улицата „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.