Битолчанка изгреба добитен лоз кој и донесе половина милион денари

Битолчанката Верка Дучевска изгреба добитен лоз кој Детелинка кој и донесе половина милион денари.

Таа моментално е невработена, а во исчекување на уште четири години кои ја делат од пензија, Верка редовно трагала по среќата, играјќи ги игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

Таа среќната Детелинка ја купила во продажното место Легион во Битола. До неа стасала по претходни два обиди кои и донеле помала добивка, а таа ги прифатила како предизвик да продолжи да игра.  Трите идентични суми  од половина милион денари на среќната Детелинка и ја обезбедиле оваа убава парична добивка, која Верка ќе ја искористи да ги израдува членовите на своето семејство.