Битолчанка која студира во Штип доби „Твинго“

80

Месецот на мартинката донесе нова среќа, овојпат кај студентка во Штип. Битолчанката Викторија Талевска од продажното место Тутун Пром го купила инстант лозот Твингоманија посакувајќи убаво изненадување.

Откако го изгребала лозот, се појавиле среќните три идентични полиња кои и ја обезбедија премијата автомобил Рено Твинго Тренд. Во моментот кога ги доби клучевите од својот нов автомобил, Викторија откри дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Посебно ги сака игрите од Инстант лотаријата кои и се покажаа како вистински знак кој ја насочи кон среќата и нејзината добивка.

Со лозот Твингоманија, Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до еден од четирите атрактивни автомобили Рено Твинго Тренд или до бројни парични добивки од 500.000 до 40 денари. Лозот е со цена од 40 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012.

Твингоманија 2 досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се вкупно 14 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, два во Битола, а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Пробиштип, Гостивар, и Куманово. Во игра се уште 25 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.