Битолчанка тешко повредени откако со возилото излетала од коловозот

Млада жена од битола е хоспитализирана со тешки повреди, откако во неделата рано попладнето со својот автомобил од засега сѐ уште непознати причини излетала од коловозот кај месноста Ротинска раскрсница

Вчера во 14.25 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, пред Ротинска крстосница, 29-годишната А.З. од Битола која управувала патничко возило „сеат ибица“, со битолски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.

-Во незгодата А.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола