Битолската полиција поднесе кривична пријава против С.Л. (45) од Битола поради лихварство.
Пријавениот, во февруари годинава на сограѓанин во два наврати му дал на заем пари, при што заедно со камата тој имал обврска да му врати 28.000 денари. Во април 2014 година, иако оштетениот веќе му исплатил 15.000 денари по основ на камата, пријавениот барал да му ја исплати и главницата. Тогаш случајот бил пријавен во полиција.