Бизарна несреќа на концерт: Се фрлил од сцена, но никој не го дочекал

40

Несреќа за време на хеви-метал концерт во Швајцарија, млад обожавател се фрли од сцената, но, никој не го дочекал.

Локалниот дневен весник “Солотурнер цајтунг” објави дека  28-годишниот маж присуствувал на хеви метал фестивалот, кој се одржал минатата недела во градот Солотурн  и се качил  на бината и се фрлил во публиката.

„Публиката не го дочекала и тој паднал на подот“, изјавил управникот на салата Пипо Кофмел, пренесе АФП.

На почетокот тој не почувствувал здравствени проблеми. Станал и отишол да ги измие рацете. Обезбедувањето за секој случај го однел во болница. Здравствената состојба му се влошила следниот ден и тој починал во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.