Бизнис партнерот на Заеви под сомнение за црна продажба на марихуана

Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, е уапсен во Србија, поради нелегално одгледување марихуана.

Бизнис партерот на Заеви е под сомнение за црна продажба на марихуана. Во Србија овој случај беше криен кратко време, како што пишуваат медиумите, поради поврзаноста на Колувија со српските власти.

Македонските власти, пак, во овој човек видоа бизнисмен кому му го отворија пазарот, а што имал за цел да прави тука, засега ќе остане отворено прашање.

Српскиот „крал“ на органската храна, Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, е уапсен во својата матична земја. Главното дело кое му става на товар е токму незаконско одгледување марихуана. Случајот ја „тресе“ српската политичка јавност, а веќе има изјави дека и фирмата на Колувија во земјава била дел од сомнителните бизнис операции, анализира 360.

Според српските медиуми, полицијата упаднала во пластениците за одгледување органска храна на Колувија кај Стара Пазова уште на средината на месецов, по налог на тамошното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Претресот и заплената на марихуана кај Колувија „излезе“ во српските медиуми во изминативе неколку дена. Тоа значи дека речиси две недели тамошните власти не информирале самите за случајот. Дел од медиумите во Србија потсетуваат дека имотот на Колувија во минатото го имаат посетувано и владини министри, како на пример Александар Вулин, актуелниот министер за одбрана. При тие посети, фунционерите го промовираат примерот на Колувија како репер за бизнисмен кој го развива земјоделството.

Според српската опозициска Народна партија, причината што тамошните власти го криеле случајот е блискоста на Колувија со актуелната српска власт. Потпретседателот на партијата, Мирослав Алексиќ, обвини дека веднаш по претресот Колувија, прво, се јавил кај братот на српскиот претседател, Андреј Вучиќ. Токму тука приказната станува релевантна и за Македонија. Според Алексиќ, Колувија ја користел македонската фирма „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“ за незаконски активности.

Што најде полицијата кај Колувија?

Според изештаите на српските медиуми, полицијата упаднала во пластениците на Предраг Колувија кај Стара Пазова уште на средината на месецов, по налог на тамошното обвинителство за гонење на организиран криминал. При претресот на големиот имот на фирмата „Јовањица“ на Колувија, истражните органи откриваат поголема количина на марихуана. Околу 650 кг. биле подготвени за продажба и уште четири тона во сирова состојба.

Неофицијално, претресот бил направен случајно. Колувија со своето „Ауди“, на кое незаконски имал вградено ротациски светла, на пат го попречувал движењето на навидум цивилно возило. Но, во тоа возило бил шефот на белградското полициско одделение за борба против наркотици. Тој го застанал и легитимирал Колувија, кој пак му покажал фалсификувана полициска легитимација. На крај, приказната завршува и со откривање на нелегално оружје кај Колувија и со веќе споменатиот претрес во кој е откриена марихуаната.

Откако бизнис партнерот на Заеви е под лупа на органите на прогонот во Србија, се очекува одговор дали марихуаната на Заеви заврши во соседството?