20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Бизнис заедницата го критикува ребалансот на Буџетот поради кратењето на капиталните расходи

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој кажа дека основна критика на стопанствениците и на експертската јавност за ребалансот на Буџетот е кратењето на капиталните расходи за 53 милиони евра.

-Основна критика на македонските стопанственици и на македонските експерти по економија кон овој ребаланс на буџет е кратењето на капиталните расходи за 53 милиони и нивна пренамена во непродуктивни трошоци – потенцираше Димовски.

Димовски исто така додаде дека проекти има но дека проблемот е во неработењето на владата што резултира со нереализација на тие проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.