Што се случува во државава? Бизнисмени на кои добро им оди бизнисот купуваат билет во еден правец, иако веќе подолго време се труби дека имаме либерална атмосфера во стопанството без мешање на политиката. Но, изгледа дека не е така.
За што всушност станува збор? Веќе некое време во повеќе македонски градови се зборува, а и самите бизнисмени го кажуваат тоа на своите блиски, дека работата мора да ја делат со некого многу близок до власта. Токму против ваквите појави доста се реагираше на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ од страна на тогашната опозиција СДСМ и приврзаниците на Шарената револуција. Сепак, принудното здружување во бизнисот не бира политичка припадност и дали бил поддржувач на опцијата.
Еден од најсвежите примери во таа насока е во „градот на конзулите“ каде што бизнисменот добро работел и добил сигурна зделка со најголемиот индустриски капацитет во Битола, но, сега, цврсто е решен да ја напупшти Македонија под изговор дека ќе оди на одмор во странство, а, пак, на други кажувал дека ќе оди во САД за да си го види детето.
Ова е само еден пример, а да не го спомнуваме одливот на мозоци кои се чуствуваат изневерни од државата и од ветувањата и не го поднесуваат функционирањето на институциите.
Се поставува прашањето кои се тие лица блиски до власта? Дали во ова се вкрстуваат бизнис интересите на фамилијата Заеви? Кој се сака да го дели колачот со бинзисменети? Дали некој се грижи дека со ова се параќа порака до сите во светот оти во нашата држава нема слободен бизнис и место за иневстиции? Дали на овој начин ги бркаме сите способни и паметни личности за оставрување на лични алчни апетити?
Ако поимот власт е сфатен како процес за безочно грабање, тогаш лошо ни се пишува и нема да не изненади поголемо заминување заради нечии каприци. Впрочем, вратата уште повеќе се подотвори откако Герамнија го посочи Балканот за база на рабонта рака, а и Австрија донесе некои мерки во таа насока.
„Е па Македонче, чорба“, е познатата синтагма од популарната К-15.