Благајничка го олеснила Институтот за јавно здравје

Наместо да издаде фискална сметка на пациенти кои уплатиле пари во Институтот за Јавно Здравје за добиената услуга, благајничка дел од уплатите ги задржувала за себе.

На овој начин благајничката во текот на 2016 година успеала да се здобие со половина милион денари, соопшти финансиската полиција.

Од финансиска соопштија и дека скопското Обвинителство поднело кривична пријава против лицето Л.Р. поради постоење основни причини на сомнение за сторено кривично дело затајување.

Како што се наведува Л. Р. во својство на благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје со цел да прибави противправна имотна корист за себе во текот на 2016 година во повеќе наврати присвоила доверени парични средства од извршена наплата од пациенти на благајната на Институтот.

На тој начин таа затаила 547.329 денари и го оштетила буџтот на ИЈЗ.