Благоја Милевски дополнително го повика Даци за средбите со Украина и Ерменија

Фудбалската селекција на Македонија им се враќа на обврските во квалификациите за следното Европско првенство.

Селекторот Благоја Милевски пред неколку дена го објави списокот на фудбалери за оваа пресметка, а денес повика уште еден фудбалер. Ердон Даци е дополнително повикан да конкурира за настап против Украина. Фудбалерот на белгиски Вестерло ќе биде присутен на утрешниот собир во 12:00 часот во хотелот Хилтон.

Од комбинација за настап отпаднаа Дарко Велковски кој е без клуб и Илија Несторовски, Давор Здравковски и Доријан Бабунски. На списокот пак се врати Дарко Чурлинов, како и Тодор Тодоровски.

Освен натпреварот со Украина кој се игра во Прага на 14 октомври во 15:00 часот, Македонија ќе одигра и пријателски дуел во Струмица против Ерменија три дена подоцна.