Благодарејќи на големиот Штербик, Вардар и натаму непоразен и кај Рајн Некар

Благодарејќи на уште една фантастична изведба меѓу стативите на Арпад Штербик, ракометарите на еврпскиот шампион Вардар остануваат и натаму единствениот непоразен тим и по 9-то коло во Лигата на шампионите, откако гостувањето во Манхајм, одиграа нерешено (21:21) против Рајн Некар Левен, а јунак на еден од најдобрите голмани во историјата на оваа игра го одбрани зицерот во последниот напад на домашните за победа.

На овој натпревар со невообичаено за Вардар мал број голови, стратезите на двата тима се концентрираа на одбран. Европскиот шампион до првото водство на дуелот од 2:3 дојде во 12 минута со погодокот на Тимур Дибиров од седмерец. Следуваше период од седум минути во кој гостите не успеваа да реализираат, дури и о играч повеќе во нападот, а неефикасноста на Вардар ја казни Рајн Некар Левен со првото водство со два гола разлика, поведувајќи со 7:5.

Натпреварот продолжи со фокусираност во одбраната, при што стратегијата на Раул Гозналес да го истури Тимур Дибиров напред го поремети ритамот на домашните бекови. Рајн Некар Левен исто така возврати со комбинирана поставеност на одбраната. Во овој период Вардар првпат успеа да дојде до предност од два гола разлика (8:10) во 26 минута. Сепак, Вардар не успеа да ја зголеми предноста, а домашните со серија од 3:0 го преземаа водството и на крајот од првото полувреме резултатот беше нерешен (11:11).

Второто полувреме почна со нов погодок на Тимур Дибиров за ново водсто на Вардар кое кратко траеше откако возврати Александар Петерсон за ново изедначување. Натаму во поголемиот дел од продолжението се играше гол за гол, а во 38 минута Левен се долепи на 16:14.

За одбележување од овој меч се одбраните на Арпад Штербик и на Андреас Паличка кои ги одржуваа двата тима во пат ситауција на средината од второто полувреме, кога Рајн некар главно имаше предност од гол-два. Нападот на Вардар во овој период беше безидеен и беа напревени неколку технички грешко поради што европскиот шампион цели шест минути не постигна погодок.

Во последните пет минути од мечот, Рајн Некар Левен влезе со предност од два гоал (21:19) и имаше напад за зголемување на водството кој не го резлизира, па возврати Жоан Канељас со што го намали заостанувањето на гол разлика.

На 40 секунди пред крајот во последниот напад на Вардар кој висеше, топката некако дојде до Иван Чупиќ кој одлично се снајде изедначувајчи на 21:21. Домашниот тренер Николај Јакобсен побара тајмаут пред последниот напад на Рајн Некар Левен обидувајќи се неговите ракометари да дојдат до победа но и да го потрошат времето за противникот. И буквално во последнитеѕ секунди сам на пест метри се најде Гвардиола, но Арпад Штербик во нему својствен стил го одбрани ударот на Шпанецот со што Вардар останува и натаму непоразен во сезоната во коај ја брани шампионската титула.

Тимур Дибиров постигнаа по пет гола за Вардар, Жоан Канељас и Дианис Криштопанс по четири, а Арпад Штербик го заврши мечот со 13 одбрани. Кај Рајн Некар Левен по четири голови постигнаа Менсах Ларсен и Александар Петерсон, а Андреас Паличка заврши со 11 одбрани.

Во следниот натпревар, кој ќе биде последен пред зимската пауза во Лигата на шампионите, Вардар на 2-ри декември во Скопје го пречекува Кристијанштад.