Благодарница за ЕДС за поддршка на проектот „Замисли желба“

Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), како општествено одговорна компанија, годинава беше дел од поддржувачите на хуманитарниот проект „Замисли желба“ која што ја организираше Националната галерија.
Компанијата преку овој проект реализираше и донација за Фондацијата „Марко Божиновски“ со цел подобрување на условите за развој на спортот и спортските активности меѓу младите.
Благодарницата од Националната галерија во име на ЕДС ја прими главниот финансов директор, Илијас Тсоукалас на завршниот настан на проектот кој што се одржа во просториите на Националната галерија во Чифте амам.
Преку овој проект компанијата издвои финансиски средства со цел да придонесе за подобри услови за развој на спортот и спортските активности меѓу младите.
Донација на ЕДС опфаќа монитори за отчукување на срце на млади спортисти, средства за спортски кампови за млади, како и за продолжување на организацијата на годишниот Куп „Марко Божиновски“, но и за завршување на веќе започнатата спортска сала за младинци до 18 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.