Бламажа во судница, обинителство инсистира на записник потпишан од тогаш починато лице

Судот одбил доказ презентиран од обвинителката Искра Хаџи Василева – записник за сослушување на сведок во истрагата затоа што бил потпишан од сведок кој во тоа време бил починат.

На денешното рочиште судот дозволил читање на изјави за имотноправни побарувања и покрај тоа што истите биле дадени во записник за сослушување на сведок пред обвинителството, но тие сведоци обвинителот не ги предложил во Листата на докази. На ова остро се противела одбраната детално аргументирајќи зошто Законот за кривична постапка не дозволува воопшто да се чита исказ на непредложен сведок, независно дали во истиот има предјавено имотноправно барање.

Но после оваа дозвола следувал нов дебакл на Јавното обвинителство, велат упатените извори на НетПрес, бидејќи кога еден од записниците бил даден на увид на одбраната, обвинителката дала приговор дека името и презимето за наводно сослушаниот сведок под коешто стои потписот на сведокот, всушност е лице кое во тоа време било починато, по што Судот го одби ваквиот доказ.

Но срамотење не запрело на тоа, бидејќи обвинителката изјавила дека таа ќе си го чита тој записник затоа што името било техничка грешка. На ова судот бил принуден да ја опомене дека не смее да чита доказ којшто судот претходно ѝ го одбил.

По овој јавени блам, се наметнува прашањето дали денешното случување е врв на конфузијата на обвинителката што го води предметот или, пак, дел од начинот на конструирањето на предметот против Жан Митрев во којшто дури е подметнат записник во кој на местото со потпис од сведок е наведено името на сведок кој при потпишувањето бил починат.