Блат: Конфликтото меѓу ФИБА и УЛЕБ мора да запре

Тренерот на „Олимпијакос“, Дејвид Блат вели дека конфликтот меѓу ФИБА и УЛЕБ да биде што е можно поскоро да запре, ако се сака корист за играчите и кошарката.

Јас сум некој кој живеел и работел во „двата света“. Бев селектор на Русија седум години, како тренер работам 25 години и повеќе од 10 години водев екипи во Евролигата. Знам дека и на едната и на другата страна има добри луѓе, но ситуацијата не е добра, рече Блат за „Еврохупс“.

Освојувачот на Евролигата со „Макаби“ Тел Авив  додава дека поради овој став на лидерите на двете организации најмногу страдаат играчите.

Она што се случува е добро само за луѓето со силни ега и политичка линија. Ова мора да се заврши. Неопходно е некој да изнесе јасен став и да каже „ајде да видиме што е најдобро за играта и играчите, а не за политичарите и разни суети“. Сегашната ситуација е погрешна и мора да запре.

Главната причина за конфликт меѓу ФИБА и УЛЕБ е во усогласување на календарот, па клубовите во Евролигата и Еврокупот имаат право да им забранат на  играчи настап за националните тимови во квалификациите за Светското првенство, кои се одвиваат во текот на сезоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.