Блате: Тие кои ја напаѓаат ФИФА се расисти

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, остро ги нападна сите критичари, сите медиуми кои постојано ја форсираат приказната дека, челниците на ФИФА примиле мито се со цел, организацијата на Светското првенство во 2022 година да му ја доделат на Катар.

„Се работи за вистинска бура што е направена против ФИФА за Светското првенство во Катар. За жал, тука има голема основа за дискриминација и за расизам. Тие токму затоа не сакаат мундијалот да се одржи во Катар. Е, тоа ме прави навистина тажен. Но, ќе се реши и таа работа. ФИФА во септември или октомври уште еднаш ќе ги разгледа состојбите и комплетно ќе го затвори тој случај. Сега е време за Светското првенство во Бразил и за магијата на фудбалот. Треба да уживаме во играта“, изјави Сеп Блатер.