Блатер: Мундијалот во Катар е голема грешка

43

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, уште еднаш го потенцирал своето мислење дека одлуката за организација на Светско првенство од страна на Катар е катастрофална.Швајцарецот го обвини Мишел Платини како главен виновник за одлуката на Извршниот комитет на ФИФА и човек кој лобирал за Катар да ги добие потребните гласови од неколку европски земји.

– Без интервенцијата на поранешниот француски претседател Саркози кај Платини, Катар никогаш немаше да го добие светското првенство.Тоа беше првпат политичка интервенција да влијае на важна фудбалска одлука, – изјавил Блатер.

Од друга страна, поранешниот претседател на УЕФА ги демантира ваквите наводи.

– Блатер пет години ги повторува обвинувањата кои не се точни, тоа се злобни инсинуации, зборовите на Блатер немаат никаква врска со вистината, – вели Платини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.