Блажески потврди дека поднел оставка

Дејан Блажески, поранешниот шеф на кабинет на министерот за здравство, Венко Филипче за „Фокус“ потврдил дека и официјално си поднел оставка од функцијата. Тој рекол дека нема намера да се враќа во министерството за здравство.

Мојата одлука е конечна. Оставката е и официјално поднесена и побарав и раскинување на договорот. Со сите колеги во кабинетот на министерот имавме коректен однос, но главните несоогласувања беа со министерот околу начинот на водење на здравствената политика. Јас сметам дека во здравството треба да се вложува за да ги подобриме условите во кои се наоѓа моментално. Имавме различни ставови по одредени прашања и јас за тоа се повлеков, тврди Блажески.

Нов шеф на кабинет на министерот за здравство е Бојана Атанасова