Исламизмот останува безбедносна закана од прв степен и Западот би требло да се подготви за тоа дека екстремистичките групи потенцијално би можеле да користат биолошко оружје, изјави во понеделникот поранешниот британски премиер Тони Блер, на собирот во пресрет на двасетгодишнината од терористичките напади врз САД од 11-ти септеври 2001 година.
Талибаните кон средината на август повторно се вратија на власт во Авганитан, две децении откако беа соборени со американската инвазија за која директен повод беа најголемите терористички напади врз САД кои на 11-ти септември ги изведе терористичката мрежа Ал Каеда.
По повлекувањето на американските и странските трупи, Велика Британија стравува од враќањето на талибаните и дека празнината настаната со хаотичното повлекување на Западот, ќе им овозможи на милитантите на Ал Каеда и на Исламската држава во Авганистан да создадат свои бази.
„Исламизмот, и идологијата и насилството, е безбедносна закана од прв ред и без контрола ќе дојде до нас, дури и доколку е насочена далеку од нас, како што тоа го покажа 11-ти септември“, изјави Блер во својот говор на тинк-тенкот RUSI по повод од дваесетгодишнината од нападите.
Поранешниот британски премиер додаде дека Западот мора да ја процени својата ранливост.
„Covid-19 нѐ научи за смртоносните патогени. Можностите за биотероризам можеби изгледаат како област од научната фантастика. Но сега би било мудор да се подготвиме на тоа и дека потенцијално би можело да ги употребат недржавни актери“, рече Блер.
Поранешниот премиер кој ги испрати британските војници во Авганистан во 2001 година, рече дека Лондон би требало потесно да соработува со европските земји на тоа како на најдобар начин да развијат капацитети за соочување со заканата во регионите како што е африканската субсахарска област Сахел.
„Антитероризмот нема самиот посебе да ја отстрани вкоренетата закана. Потребни ни се чизми на теренот. Секако дека преферираме чизмите да бидат локални, но тоа нема секогаш да биде можно“, рече Блер алудирајќи на воено присуство на Западот во невралгичните.