Блерим Река министер за евро-интеграции во косовската влада

Блерим Река, кој беше и кандидат за претседател во Македонија поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на изборите кои се оддржаа пролетоска (21 април и 5 мај 2019 година), ќе биде министер за евро-интеграции во новата влада на Косово, јавуваат косовските медиуми.

Гласањето во парламентот за новата влада која ќе ја предводи лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, е закажана за понеделникот во 11 часот.

Владата на Курти ќе брои 15 министри и 33 заменици-министри, што е големо намалување во однос на претходната влада која имаше 23 министри и околу 80 заменици-министри.