Блескавата национална награда „Автомобил на годината“ официјално доделена на брендот DACIA за моделот DUSTER

По 23-пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER.

Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито – г-динот Горан Антевски му го предаде признанието на г-динот Жељко Барбарич – менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик.

„Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост.

Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило. Тоа е автомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис потребите. Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде Dacia Duster ја направи решавачката предност.” – изјави г-динот Горан Антевски.

При преземање на наградата г-динот Барбарич изјави: „За Renault групацијата 2017–та година беше исклучително важна. Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа.“

Со модели како што е новиот Dacia Duster и вакви партнери во Македонија како Аутомотив Груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.

За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Билљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски од Еуроимпекс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.