Блинкен го предупредува Берлин за можни санкции поради Северeн тек 2

Доколку гасоводот Северен тек 2 преку кој природениот гас ќе се пренесува од Русија до Германија биде дозавршен или добие дозвола за експлоатација, САД може да воведат нови санкции против него го предупредив германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, изјави американскиот државен секретар Ентони Блонкен на прес-конференцијата во средата во Брисел потврдувајќи дека и натаму постојат разлики во ставовите на Берлин и Вашингтон во врска со овој енергетски проект.

САД повеќе години со наметнување санкции настојуваат да ја спречат изградбата на Северен тек 2 од кој остануваат само уште неколку проценти за финализирање, со кој ќе се удвојат испораките на руски гас во Германија, тврдејќи дека Берлин ја зголемува својата и енергетска и политичка зависност на Европа од Москва. Германските политичари, пак, ги отфрлаат тие наводи и велат дека станува збор за чисто економски проект, додека инсистирањата на Вашингтон ги оценуваат како желба за пласирање на американскиот течен гас во Европа што засега е неисплатливо.

„Германија е еден од нашите најблиски сојузници, но сѐ уште имаме длабоги разногласија во врска со Северен тек 2, но нема да дозволиме тоа да ја попречува нашата заедничка работа по други прашања во полза на граѓаните на нашите земји“, истакна на прес-конференцијата во Брисел шефот на американската дипломатија.

Блинкен прецизираше дека САД директно ја предупредиле Германија дека компаниите вклучени во изградбата на гасоводот може да бидат цел на нови американски санкции.

„Секако, јас директно му реков на министерто Маас дека компаниите кои се вклучени во изградбата на овој гасовод се изложени на ризикот да бидат санкционирани. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите активности за завршувањето на изградбата или сертифицирањето на гасоводот и доколку се случи тоа, ќе донесеме одлука дали да воведеме санкции. Важно е што по ова прашање со Германија немаме дилеми“, изјави Блинкен.

Минатата седица Блинкен побара од компаниите вклучени во проектот да престанат со своите активности, истакнувајќи дека „се изложуваат на ризик“ против нив да бидат воведени казнени мерки. Истовремено шефот на американската дипломатија призна дека Вашингтон се нашол во непријатна ситуација, имајќи предвид дека цевководот е практични завршен.

Во Берлин, пак, посочуваат дека позицијата на Германија во однос на Северен тек 2 останува непроменета. Портпаролот на германската сојузна влада Штефан Зајберт истакна дека Берлин ги отфрла екстериторијалните санкции.

На 18-ти март американкиот Стејт департмент повтотно ги предупреди учесниците во проектот Северен тек 2 да ги запрат своите активности на неговата изградба, заканувајќи се со санкци. Како што објави тогаш агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на свои извори, новите санкции би можеле да ја опфатат компанијата „Nord Stream 2 AG“ која на проектот соработува со петте западноевропски компании партнери во проектот.

Водач на проектот Северен тек 2 е руски „Газпром“, додека половината од средствата преку заеми ги осигуруваат австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“.