Блинкен: Кина е сѐ поагресивна, но војната не е во ничиј интерес

(AP Photo/Mark Schiefelbein, File)

Сѐ посамоуверената Кина се однесува сѐ поагресивно во странство, изјави американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен во телевизиското интервју емитувано во неделата во САД, додавајќи дека војната меѓу овие две суперсили не е веројатна.

„Изминатите години сме сведоци за тоа дека Кина се однесува сѐ порепресивна дома и сѐ поагресивно во странство. Тоа е факт“, рече Блинкен во разгворот со Нора О’Донел во емисијата „60 Minutes“ емитуван на американската телевизиска мрежа CBS News.

Запрашан што смета дека е долгорочна цел на Пекинг, Блинкен рече дека мисли оти Кина „верува дека може и треба да бидте доминантна земја на светот“, пренесува DPA.

Шефот на американската допломатија го отфрли потенцијалниот воен судир со Кина, велејќи дека е „длабоко против интересите и на Кина и на САД да се дојде до тоа точка или да се оди во таа насока“.

Истакна дека американската цел е да не е „ограничувањето“ на Кина, туку „одржувањето на меѓународниот поредок“.

„Целта е да се задржи овој поредок заснован на правилата со коишто Кина се заканува. На секој којшто го оспорува таквиот поредок, ние ќе му се спротиставиме и ќе го браниме“, продолжи Блинкен.

Западот предводен од САД ја обвинува Кина за нечесни економски практики спротивно на правилата на Светската трговска организација (СТО – WTO), како што е непочитување на интелектуалната сопственост или дампинг цените.

Најбројната нација на планетата предизвикува и загриженост од Западот од нејзиното однесување во Јужнокинескот Море, каде што Кина полага права на несалени острови на кои тврдат дека полагаат и американските сојзуници во регионот, а станува збор за област богата со ресурси и на поморската трговска руга за стоки во огромна вкупна вредност.

Пекинг е на удар на западните критики и поради „агресивното“ однесување во регионот, тензии во односите со Тајван која го смета за своја одметната островска покраина, и за наводното кршење на човековите права на муслиманската пратурска заедница Ујгури во покраината Ксинџијанг (Ујгурија), чиишто бројни припадници кинеските власти го осудуваат поради сепаратизам и теторизам, како и поврзаност до радикалните џихадистички мрежи.