Блинкен: НАТО е посилен и пообединет отколку било кога во последните 30 години

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, денеска во Букурешт изјави дека НАТО е посилен и пообединет од кога било во последните 30 години.

На билатералната средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред самиот почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата, Блинкен изрази очекување дека сојузниците ќе ја потврдат својата поддршка за Украина и активностите за зајакнување на самите членки на воениот сојуз.

-Фундаменталниот принцип до кој се придржуваме е да работиме заедно и обединети, како во однос на руската војна во Украина, така и во однос на предизвиците што ги поставуваат активностите на Кина, рече Блинкен.