Блинкен: Решението со две држави останува единствена опција за Израел и Палестинците

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди во вторникот вечерта, на крахот на посетите на Ерусалим и Рамала, дека Вашингтон го поддржува решението „на две држави“ за израелско-палестинскиот конфликт и ги повика двете страни да создадат подобра атмосфера за неговото постигнување.

„Можно е да продолжат напорите за постигнување на решението со две држави кое и натаму го сметаме единствениот начин за гаранција на иднината на Израел како еврејска и демократска држава и секако Палестинците да добијат држава на којашто имаат право“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференцијата во Ерусалим.

Блинкен не ја објасни улогата којашто САД, до пред неколку години традиционалниот посредник во израелско палетинскиот судур, би можеле да ја имаат во оваа перспектива.

Сепак, американскиот државен секретар ги предупреди Израелците и Палестинците дека САД се против секоја мерка којашто би можела да предизвика нова искра или да ја поткопа перспективата на враќето на решението со две држави, кое изминатиот период се чинеше речиси загубено, и ги наведе „населувањето, уривањето или исфрлувањето“, како и „повиците на насилство и финансирање на терористите“, кои би ги преземале едната или другата страна.

Мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, беа запрени во 2014 година по широкиот воен судир, отако закочија на бројни прашања, во прв ред статусот на источен Ерусалим и израелското населување на териториите кои меѓународната заедница ги смета за палестински окупирани во војната од 1967 година.