Блинкен: САД ќе се спротистават на градењето еврејски населби на Западниот брег

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди во неделата дека САД ќе се спротистават на изградбата на новите еврејски доселенички населби во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) којашто меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година,.

Изјавата на шефот на американската дипломатија доаѓа во моментот кога Бенјамин Нетанјаху, најдолготрајниот израелски премиер по неколкуте години минати во опозиција, се подготвува да ја преземе власта благодарејќи на коалицирањето со крајната десница.

„И во иднина јасно ќе се спротиставиме на секое дејствување коешто може да го загрози решението со две држави, во прв ред на ширењето на колониите, меркит за анексија на Западниот брег, промената н аисториското статус-кво на светите места, уништивањето, прогонот и поттикнувањето на насилството“, истакна Бликнек во обраќањето пред либералната произераелска американска група J Street.

Десниот блок израелски партии и неговите сојузници ултраортодоксните и партиите од крајната десница освоија најголем број гласови на израелските парламентарни избори одржани на 1-ви номври, со 64 од 120 места во Кнесетот (парламентот), овозможувајќи му на Нетанјаху да ги започне преговорите за формирање на новата влада.

Во текот на овие преговори Нетанјаху во четвртокот го потпиша коалицискиот договор со една од трите партии од крајната десница, и такао го доби главното место во развојот на доселувањето, или колонизирањето, на Западниот брег.

Повеќе од 475.000 Израелци живеат во моментов во еврејските населби во оваа палестинска енклава, кои се нелегални според меѓународното право, што е за четири пати повече отколку во времето на потпишувањето на мировните договори од Осло од 1990-те години.