Блинкен: САД сакаат постабилни и попрофитабилни односи со Русија

Соединетите држави се надеваат на стабилни и профитабилни односи со Русија, но доколку таа продолжи да „напаѓа“, тогаш Вашингтон ќе одговори, изјави во интервјуто за римскиот дневен весник La Repubblica објавено во вторникот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Шефот на американската дипломатија е на седумдневна турнеја, во чиишто рамки ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари. Во понеделникот во Рим присуствуваше на состанокот на глобалната коалиција од 80 држави која се бори против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, која се обидува да создаде нови упоришта во Африка. Блинкен, исто така во Ватикан се сретна и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во контекстот на долгогодишните тензии меѓу Светата столица и Вашингтон.

„Доколку Русија продолжи да нѐ напаѓа, или да делува против нас преку напади како што се SolarWind, мешањето во нашите избори или да спроведува агресија кон Навални, тогаш ќе одоговориме“, се заканува Блинке.

Шефот на американската дипломатија алудира на кибернетичките напади врз американски компании, за кои Вашингтон ја обвинува Москва или хакерски групи поврзани со неа или хакери кои дејствуваат од нејзина или територијата на источна Европа. Исто така, го споменува Алексеј Навални наводно труен со нервен агенс, кој западот го доживува како дисидент и опозиционер на рускиот претседател Владимир Путин, а кој во Русија е осуден за финансиски малверзации со неговата невладина организација за наводно следење на корупцијата и за прекршување на одредбите од условната пресуда, за што сега е затворен.

Кога станува збор за Кина, пак, според Блинкен, најнаселената и земјата која најбрзо економски и технолошки напредува во светот, е „најкомплицираната“ кога станува збор за односите со САД. Но американскиот државен секретар додава дека Вашингтон нема да бара од ниедна нација да избира меѓу двете земји, без да појасни на која сфера од билатерална соработка на некоја држава со Пекинг тоа се однесува.

„Сепак, вистина е дека сме во односи со Кина, без разлика дали се тоа е како опонент, ривал или партнер, многу сме поефикасни доколку делуваме заедно“, додава Блинен.

Русија и Кина инаку, кои од страна на САД и НАТО се означени како главни непријатели под формулацијата „најголема закана за безбедноста во евртоатлантскиот регион“, многу често изразуваат слични интереси во Советот за безбедност при ОН. Сѐ почесто, исто така, и Пекинг и Москва испраќаат сигнали за цврсто стратешко партнерство, во децениските обиди на Вашингтон да испровоцира судир на нивните меѓусебни интереси.