Блинкен следната недела во Албанија и Германија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен следната недела ќе ги посети Албанија и Германија, потврди денеска Стејт департментот.

Како што се наведува, Блинкен ќе биде во Тирана и Минхен од 14 до 17 февруари.

„Секретарот Блинкен во Турана ќе ја реафирмира силата на односите на САД со Албанија, клучен партнер за стабилноста на Западен Балкан и силен сојузник за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Во Минхен, тој ќе учествува во Минхенската безбедносна конференција како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Се додава дека Блинкен ќе оствари билатерални средби на кои ќе ја нагласи американската поддршка за народот на Украина, како и продолжување на разговорите со партнерите за воспоставување траен мир и безбедност на Блискиот Исток.

Тој исто така ќе ја истакне цврстата посветеност на САД на трансатлантската безбедност, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.