Блинкен: Вашингтон се надева дека Пјонгјанг дипломатски ќе се ангажира

Соединетите држави се надеваат дека Северна Кореја ќе ја искористи можноста и по дипломатски пат ќе се ангажира на денуклеаризациајта на Корејскиот полуостров, изјави во понеделникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Шефот на американската дипломатија на собирот на министрите на групата седум најразвиен земји на светот Г7 го претстави пристапот на американскиот претседадател Џо Бајден кон корејското прашање.

„Се надевам дека Северна Кореја ќе ја искористи можноста дипломатски да се ангажира за да се види дали постојат начини за напредок кон целта за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, изјави Блинкен на собирот на шефовите на диплатиите на Г7 во Лондон.

„Очекуваме, значи, да видиме не само што вели Северна Кореја, туку и што навистина ќе направи во деновите и месеците кои доаѓаат“, додаде американскиот дипломат.

Блинкен рече дека според неговата оцена САД имаат „јасна, многу јасна политика, насочена на дипломатијата“. „А Северна Кореја треба да реши дали сака да се ангажира на оваа основа или не“, додаде.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави минатата седмица ќе ја искористи „дипломатијата“ исто јако и „сериозното одвраќање“ за да ги спречи нуклеарните амбиции на Пјонганг.

Северна Кореја одговори дека Бајден ја продолжува „непријателската политика“ којашто се води веќе половина век.