Блинкен во Израел порача дека „визијата на мирот“ е единствениот пат за напредок

Американскиот државен секретар Ентоно Блинкен ги повика во понеделникот Израел и Палестинците да ги стивнат тензиите ескалирани до усвитување по смртоносните случувања последните неколку денови, одново порачувајќи им дека „визијата за миро“ е единствениот пат за напредување.

Повторно остро осудувајќи го палестинскиот смртоносен напад пред синагогата во источен Ерусалим поради што израелските безбедносни сили се во состојба на висока приправност, Влинкен, исто така, го осуди и славењето на крвопролевањата на палестинската страна но и повиците на одмазда од израелската страна,

Во четвртокот во Јенин на Западниот брег, во судирот со израелски војници беа убиени седум вооружени палестински милитанти и двајца цивили а ранети беа уште 20 лица. Израелската војска објави дека операцијата била спроведена со цел во Јенин да бидат уапсени припадници на милитантната група Исламски џихад.

Во петокот во палестински напад врз синагога во Давидовиот град во источен Ерусалим убиени седум еврејски цивили меѓу кои и 14-годишно момче, додека уште 10 други лица беа ранети. Ден подоцна во „терористички напад“, како што го квалификуваше израелската полиција, 13-годишен Палестинец во источен Ерусалим рани двајца Израелци.

„Сите треба да преземат чекори со цел да се смират напнатостите, наместо да ги разгоруваат“, рече Блинкен веднаш откако допатува во Израел.

„Смртоносниот поход во петокот беше повеќе од напад врз поединци. Тоа беше напад кој е, исто така, врз сеопштиот чин на практикување на нечија вера. Најостро го осудуваме тоа. Исто така, ги осудуваме оние коишто ги слават тој чин и другите терористички акции во кои страдаат невините, без оглед на тоа кој е жртвата и во што верува. Повиците на одмазда против уште повеќе цивили не се одговор“, изјави шефот на американската дипломатија.

Блинкен денеска се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека средбата со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас е предводен во вторник.

Претходно во понеделникот во египетската престолнина Каиро, Блинкен повтори дека САД „и натаму цврсто веруваат дека решението со две држави е единствениот пат кој води кон трајно решавање на израелско-палестинскиот судри“.

Последната рунда од преговорите под покровителство на САД за основање палестинска држава паралелно со Израел беше одржана во 2014 година, пред израелските власти да го прогласат Ерусалим за „историска и неделива“ престолнина на еврејската држава. Палестинците, пак, источен Ерусалим кој меѓународната заедница заедно со Западниот брег (на реката Јордан) ги сметаат за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година, го сакаат за главен град на својата идна држава.

Во новата израелска влада на Нетанјаху се и партнери кои жестоко се противат на каква и да е палестинска државноста. Додека контролата на палестинските енклави е поделена меѓу движењето Фатај на Абас на Западниот брег, кој повеќе е заговорник повеќе на дипломатијата, и исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа, чија декларирана цел е уништување на еврејската држава.