Блинкен за позициите на САД кон непријателските активности на Кина и Русија

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Соединетите држави имаат намера да ги градат односите со Кина од позиција на сила, а набрзо ќе ја комплетираат анализата на активностите на Русија кои ги сметаат за непријателски, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интрвјуто за американската телевизиска мрежа CNN емитувано во неделата.

Како што појасни шефот на американската дипломатија односите меѓу САД и Кина сѐ повеќе добиваат конфронтирачки карактер.

„Очигледно во односите со Кина има сѐ повеќе аспекти коишто ја зголемуваат конфронтацијата, и тие дефинитивно се од конкурентска природа, но има и области во коишто се соработува“, вели шефот на Стејт департментот.

„Во крајна линија, ние мораме да ги градиме односите со Кина од позиција на сила. Доколку развиваме заеднички пристап кон предизвиците коишто ги претставува Кина, ќе бидеме поефикасни во справувањето со нив“, рече Блинкен зборувајќи дека САД во овој поглед ќе сметаат на поддршката од сојузниците и партнерите.

Министрите за надворешни работи на ЕУ претходно седицата се согласија за наметнување санкции за четворица кинески државјани и една организација под обвинување за „кршење на човековите права во врска со прогонот на мислиманското ујгурско малцинство во покраината Ксинџијанг“. Подоцна САД, Канада и Велика Британија, исто така, објавија за воведување санкции против Кина. Пекинг на тоа возврати со воведување санкции против ЕУ и Велика Британија, како и против поединци и организации во САД и Канада.

Блинкен, зборувајќи во продолжение за надворешните закани за САД, рече дека во Вашингтон привршуваат со анализата на активностите на Русија кои ги смета за непријателски и има намера да преземе „сериозни“ противмерки.

„Гледаме разни примери на руска агресија насекаде (…) И (американскиот претседател Џо Бајден) јасно стави до знаење дека за овие активности ќе следат последици. Завршуваме со анализата на кибернетичкиот напад врз нас преку (компанијата) ‘SolarWinds’, мешањето во изборите, употребата на хемиско оружје во обидот да се убие Алексеј Навални. Ние веќе зборувавме и преземавме мерки во врска со наградите за (убиства) на американските војници. Ќе има последици и ќе биде платена цената“, ѝ се закани на Русија американскиот дипломат зборувајќи и за наводните претходни извештаи дека на талибанските борци во Авганистан од Москва им биле ветувани парични награди за убиства на американските војници.

„Ќе ги преземеме потребните активности во време и на место коешто ќе го изберат САД, како во однос на Русија, така и во однос на другите земји кои создаваат проблеми“, се закани Блинкен.

На почетокот од март, ЕУ првпат воведе снакции во рамките на новито глобален режим за нарушување на човековите права против четворица руски државјани за апсењето на опозицискиот активнист Алексеј Навални. САД потоа, исто така, најавија нов сет антируски санкции против функционери од повеќе руски државни институции, меѓу кои и од научни лаборатории.

Руското министерство за надворешни работи објави дека Москва недвосмислено реципрочно ќе одговори на санкциите, истакнувајќи дека тврдењата за „труењето“ на Навални со ништо не се потврдени. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, посочи дека руката страна е уверена дека санкциите не ја постигнуваат целта. Москва, исто така, повторно ги негираше обвинувањата за наводните обиди за вмешување во американските претседателски избори оценувајќи ги за „апсолутно неосновани“.

Блинкен во контекстот на Русија, додаде и дека Вашингтон јасно ја информирал Германија за своите позиции во врска со руско-германскиот гасовод Северен тек 2, на чиешто завршување САД се противат но Берлин ги отфрла американските санкции и обвинувања дека станува енергетски и политички зависен од Москва.

„Сметаме дека градењето на гасоводот е лоша идеја и за нас беше многу важно да можеме да зборуваме директно со нашиот близок партнер Геранија. И тоа е она што јас го направив. Конгресот има исто мнение. Според америкаското законодавство, ние воведовме санкции против копаниите коишто учествуваат во градењето и обидот да се доврши гасоводот. Јасно ставивме до знаење дека ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде Блинкен.

Германија, неколкупати досега одговори дека гасоводот Северен тек 2 е енергетски исплатлив и има исклучително комерцијален карактер, како и дека притисоците од Вашингтон ги оцени како желба за протежирање на набавки на американскиот течен гас во ЕУ. Во меѓувреме, по повлекувањето на повеќе копании кои учествуваа во изградбата на цевководот, руската страна сама го презема завршувањето на проектот од кој за финализација се останати уште околу 5 отсто, и најави дека гасоводот ќе биде завршен до крајот на годината.