Блиските на загинатите во автобуската несреќа ќе можат да влезат во Бугарија и без документ за Covid-19

Во Бугарија ќе биде дозволен влез за сите блиски роднини на настраданите лица во тешката сообраќајна несреќа без разлика дали поседуваат документ поврзан за мерките за заштита од пандемијата со Ковид-19.

Од бугарските погранични органи донесена е одлука за измена на протоколот за влез во Бугарија за Covid-19, соопшти Националниот координативен центар за гранично управување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.