Близнаци родени од ембриони замрзнати пред 30 години

Близнаци се родени во американската сојузна држава Тенеси од ембриони замрзнати пред повеќе од три децении, пренесува BBC.

Се верува дека станува збор за нов рекорд за најдолго замрзнати ембриони коишто резултирале со живородени деца. Биле сочувани на минус 128 Целзиусови степени во течен азот на 22-ри април 1992 година.

Рејчел Риџвеј, мајката на четири деца од Орегон, близнаците ги родила на 31-ви октомври годинава. Таткото, Филип Ридгвеј, изјавил дека тоа било „вџашувачки“.,

Близнаците Лидија Ен и Тимоти Роналд Риџвеј веројатно претставуваат нов рекорд, според Националниот центар за донација на ембриони (NEDC), приватна верска организација којашто вели дека помогнала во раѓањето на повеќе од 1.200 деца од донирани ембриони.

Претходната рекордерка на NEDC, Моли Џибсон, родена е во 2020 година, од ембрион кој бил замрзнат речиси 27 години.

„Одлуката за усвојување на овие ембриони би требало да ги успокои пациентите кои се прашуваат дали некој би сакал да усвои ембриони кои ги создале пред 5, 10 или 20 години. Тој одговор решително е – Да!“, изјавил докторот Џон Дејвид Гордон, кој го извршил преносот на ембрионите.

Ембрионите на близнаците бил создаден за анонимна брачна двојка со помош на вештачко оплодување. Мажот бил во 50-те години, а донорката на јајце клетките имала 34 години.

Биле чувани во комора во лабораторија за плодност на Западниот брег на САД до 2007 година, кога двојката ги донирала на NEDC во Ноксвил, во државата Тенеси, за наместо нив да ги користи друга двојка.

Ембриолозите во клиниката „Southeastern Fertility“, партнерска на NEDC, го извеле одмрзнувањето и преносот во матката, претходно годинава. Во соопштението NEDC наведува дека се надева оти оваа вест „ќе ги охрабри другите и самите да ги искусат благословите на усвојувањето на ембриони“.

Тоа се првите деца кои семејството Риџвеј, кое има уште четири деца на возраст од една до осум години, што ги добиле на овој пат.

„Имав пет години кога Господ им дал живот на Лидија и Тимоти и оттогаш го чува тој живот. Во некоја смисла, тие се нашите најстарите деца, иако се нашите најмали деца. Има нешто зачудувачко во тоа“, изјавил Филип Риџвеј за Си-Ен-Ен, пренесува НетПрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.