Близу 700.000 Аргентинци ја потпишаа петицијата Французите да „престанат да плачат“

Повеќе од 670.000 луѓе до неделата во 10 часот ја потпишале интернетската петиција покрената во Аргентина барајќи од „Франција да престане да плаче“ по поразот во финалето на Светското фудбалско првенство во Катар.

„Откако победивме, Французите не престануваат да плачат и да се жалат, неприфаќајќи дека Аргентина е светски првак“, изјавил Валентин Гомез, иницијатор на петиција „Франција престани да плаче“ која на страницата Change.org би можеле да собере милион потписи 48 часа откако беше покрената.

Судењето на минатонеделното финале од страна на Полјакот Шимон Марчинијак предизвика критики во Франција, вклучително и да досуди пенал поради прекршокот на Усман Дембеле над Анхел Ди Марија во првото полувреме.

Французите се жалеа подари непочитување од поедини аргентински репрезентативци, особено голманот Емилијано Мартинез, кој одговори дека неговиот истап бил одговорен на француските провокации и навреди.

Меѓу оние кои протестираа е и претседателот на Француската фудбалска федерација (FFF), Ниел Грае, кој му пиша на својот аргентински колега Клаудио Тапија, дека е „ужаснат од ексцесите“ во текот на прославата на Аргентинците.