Близу Емиратите ракетиран израелски трговски брод

Израелски брод утрото во вторникот бил цел на ракетен напад близу брегот на Обединетите Арапски Емирати, недалеку од Иран, пренесуваат во вторникот вечерта медиумите на Блискиот исток, во консталација на заострените односи меѓу Техеран и Тел Авив.

Повикувајќи се на неименувани израелски безбедносни извори, 12-от канал на израелската телевизија пренесува дека бродот „Hyperion Ray“ е „полесно оштетен“ по ракетирањето, веројатно иранско, во близината на пристаништето Фуџејра.

Арапските сателитски телевизии Al-Mayadeen и Al-Arabiya повикувајќи се на свои извори потврдуваат станува збор за ракетен напад врз бродот кој пловел под знамето на Бахами а за израелската компанија „Ray Shipping“ и превезува автомобил бил полесно оштетен и оти ја продолжил пловидбата.

Изралескиот телевизиски канал Kan на својот акаунт на Twitter објави дека „израелскиот безбедносен ситем добил извештај за напад врз израелски брод крај брегот на ОАЕ утрово со ракета истрелана од брод или беспилотно летало“.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетајнаху, како и од изралеската војска, не одговориле на барањата на неколку новински агенции да го коментираат инцидентот.

Инцидентот се случува во моментите откако Иран го обвини Израел за напад врз неговите постројки за збогатување ураниум во Натанц и откако се закани со одмазда.

Во неделата 11-ти април, Иран соопшти дека се случила хаварија на мреќата за снабдување со електрична енергија во нуклеарната постројка во Натанц, при што имало извесни штети. Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи веднаш изјави дека станува збор за „чин на нуклеарен тероризам“.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на свои извори, прив обајви дека инцидентот во Натанц бил предизвикан од екслозија организирана од израелската страна. Подоцна за инволвираност на Израел во хаваријата изјави и министерството за надворешни работи на Иран.