Блокада на патиштата во БиХ поради поскапувањата на горивата

Ширум Босна и Херцеговина во неделата на еден час беа блокирани магистралните и сообраќајниците во центрите на големите градови во знак на протсет на граѓаните поради поскапувањата на горивата организиран преку фејсбук групата „Стоп за поскапувањата на горивата“.

Како што известија од Авто-мото клубот на Босна и Херцеговина поради протестите на граѓаните од 17 часот привремено е запрен сообраќајот на магистралните и регионалните патишта, како и на улиците во градските средини ширум земјата.

Медиумите пренесуваат дека биле блокирани сообраќајниците на Сараево, Бања Лука, Тузла, и други центри. На подрачјето на Херцеговина, меѓутоа, не се забележани протести. Поради блокадите забележани се километарски колоно кај Добој и Жепче.

Граѓаните протестираа бидејќи оваа година во неколку наврати беа поскапани горивата, кои сега се продаваат по цена меѓу 1,12 и 1,20 евра по литар. Во БиХ неодамна се воведени дополнителни трошоци на горивото што е беше услов за продолжување на изградбата на автопатот по коридорот Вц.

На најавата на протестите реагираше и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој одговори дека полицијата ќе ги отстранува возилата од улицата. „Не можете да ги запирате автомобилите некаде на улица и така да ги загрозите другите или да го запрете сообраќајот, а на некој на пример му треба итна помош во тој момент“, рече Додик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.