Блокадата кај Мавровска: Се бара ослободување на сите притворени за 27-ми април

350

Власта наместо да фокусира на проблемите за подобрување на економијата, решавање на загадениот воздух во Скопје и во поголемиот дел од државата, наместо да го подобрува животниот стандард на пензионерите, администрацијата, лекарите, стопанствениците, работниците, се реши на дефокусирање на јавноста од реалните проблеми со притворање и држење во притвор на чесни македонски граѓани и патриоти кои не се согласуваат со раскчмувањето на се она што е македонско во државата, истакна Никола Мицевски, при блокадата на крстосницата кај Мавровска.

-Власта секојдневно се повеќе се оддалечува од евроатланските интеграции и на овој начин СДС покажува дека не знае да владее демократски, туку напротив сака да воведе едноумие и режим во државата. На овој начин сакаме да дадеме поддршка ние пратениците кои што сме тука, но и граѓаните на Република Македонија, да дадеме поддршка на нашите колеги, на притворените уметници и на сите оние граѓани патриоти, родољуби кои што поради своите високо изразени национални чувства кон државата, кон идентитетот, кон јазикот, кон државните симболи се мета на политички прогон и реваншизам и се во занданите на Република Македонија, потенцираше Мицевски и додаде:

„Затоа денес од ова место бараме: безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и иживувањето кое што го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.