Блокиран сметките на фирми кои не ја исплатиле доделената помош на вработените

Спетките на сите компании кои не им исплатиле дополнителна помош на своите вработени сметките им се блокирани, и на дел од нив веќе им се повлечени овие средства од државната помош, уверуваше во саботата директорката на УЈП Сања Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање.

Лукаревска информираше дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Според неа, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.