Блокирани патни правци: Утрово не возете кон Грција и Тетово

Автомото сојузот во деталната состојба на патиштата во земјава предупредува на блокирани и непроодни патишта.

Уште вчера е најавено дека Синдикатот на „Југохром“ ќе го блокира автопатот Тетово – Скопје кај наплатната рампа во Желино од 11 до 13.00 часот.

Блокади од вчера попладне има и на граничниот премин Евзони каде што грчките земјоделци лути на државата поставија трактори и го блокираа сообраќајот.

Сообраќајот не функционира во двата патни правци и за патнички и за товарни моторни возила преку граничниот премин Богородица.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.