Блокирано од Хром до студентскиот „Гоце Делчев“, се судрија три возила

Вечерва околу 19 и 30 часот се судрија три возила на улицата „Адолф Циборовски“ во близина на „Тинекс“ во Влае. Според очевидци во несреќата полесно се повредени неколку лица и во моментот чекаат возила на Брзата помош и полиција.

Улицата е комплетно блокирана до студентскиот дом „Гоце Делчев“, возилата едвај се движат во правецот кон Ѓорче Петров, засега нема официјални информации од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.