Блокирањето на Македонија и Албанија на патот во ЕУ е „историска грешка“, оценија европратениците

Пратениците во Европскиот парламент на пленарната седница во средата во мнозинство го осудија блокирањето на почетокот на претпристапните преговори за Македонија и Албанија и повикаа што поскоро да се исправи оваа „историска грешка на Европската унија“.

Европскиот совет минатата седмица не постигна договор за давање датум за отворање на пристапните преговори со Македонија и со Албанија. Повеќето земји беа подготвени за доделување датум, но неопходна е едногласна одлука од сите земји членки на ЕУ. Франција, односно нејзиниот претседател Еменуел Макрон, беше најгласниот противник на скоро проширување на ЕУ и ја образложи својата одлука со потреба од промена на процесот на преговори со земјите кандидатки за полноправно членство.

Комесарот за проширување на ЕУ во заминување, Јоханес Хан, повтори во средата во Европскиот парламент во Стразбур дека ова „не е момент на славење за ЕУ“.

„Каде е нашата доследност и поддршка за оние кои ги преземаат најхрабрите политички ризици? Северна Македонија и Албанија направија и повеќе од тоа што го баравме. Импресивни реформи се остварени во двете земји во областа на владеењето на правото, правосудството, борбната против корупцијата и организираниот криминал“, истакна Хан алудирајќи притоа на промената на уставното има на Македонија поради барањето на Грција да ги одблокира нејзините пристапни процеси кон НАТО и ЕУ.

Хан повика на промена на одлуката до самитот на челниците на ЕУ и земјите на југоисточна Европа во Загреб во мај.

Меѓутоа, бугарскиот европратеник Андерј Ковачев од Европската народна партија (EPP) смета дека ЕУ не смее да го чека самитот и периодот на хрватското претседавање со ЕУ.

„Траба да ја исправиме грепката што е поскоро можно. ЕУ мора што поскоро да ја поврати довербата на овие земји“, рече Ковачев.

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук од пратеничката група Да ја обновиме Европа, не го споделува мислењето на Макрон и мсета дека Македонија и Албанија „покажале дека сакаат да бидат дел од европското семејство“.

Францускиот пратеник Жордан Бардела од пратеничката група Идентитет и демократија ја обвини Албанија дека „има мафијашки организации во Франција“, Бардела, исто така, запраша „зошто да се дозволи влегување во ЕУ на земји кои имаат поинаков начин на живот и се под влијание на (турскиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган“.

На тоа хрватскиот европратеник Валтер Флего го запраша да го појасни различниот начин на живот во Македонија и Албанија во одонос на членките на ЕУ.

„Избран сум во Франција за да ги бранам интересите на Французите. Избран сум во прв ред за да ги бранам интересите на својот народ“, одговори Бардела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.