„Blue Origin“ и „Sierra Space“ планираат да ја изградат првата приватна комерцијална вселенска станица

117

Американските компании „Blue Origin“ и „Sierra Space“ планираат изградба на првата приватна комерцијална всленска станица, според објавата на нивните официјални веб-странции во понеделникот.

„ Blue Origin и Sierra Space денеска ги објавија плановите за (градење) комесцијалната (…) вселенска станица Orbital Reef, којашто ќе биде поставена во ниската орбита на Земјата“, се наведува во обајвата на „Blue Origin“.

Покрај двете водечки компании, во проектот ќе бида вклучени и други американски корпорации „Boeing“, „Redwire Space“, „Genesis Engineering Solutions“, како и Универзитетот Аризона.

Според соопштението, орбиталната станица ќе биде оперативна меѓу 2025 и 2030 година.

Објавата ја потврди и главниот извешен директор и основач на компанијата „Blue Origin“ и основач на најголемата онлајн продавница на светот „Amazon“, милијардерот Џеф Безос.

Орбиталната станица „Orbital Reef“ ќе служи како некој вид „мешовите деловен парк“, а ќе биде наменета за разни клиенти, они кои ги интересираат истражувањата, за индустриски и меѓународно клиенти, но и за туристи.

„Blue Oregin“ неодамна го привлече вниманието на светската јавнсота по лансирањето во космосот на 90-годишната икона на серијалот „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шатнер, кој во текот на престокот во Вселената ја промовираше новата стопанска индустрија – вселенскиот туризам.

До денес најголемаа вселенска станица во која астронаутите престојуваат најдолго е Меѓународната вселенска станица (ISS), со којашто управуваат американската и руската вселенска агенција, но која Русија планира да ја напушти, откако претходно ја напушти и советската станица „Мир“. Кина во моментов работи на градење сопствена вселенска станица „Тиангон“, а уште неколку приватни компанија веќе изнесоа поланови за орбитални станици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.