Блумберг: Доколку продолжи со ова темпо на вакцинација, пандемијата во Македонија ќе заврши во 2031 година

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг, пренесува „а1 он“.

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг.

За разлика од кај нас, во соседна Албанија, потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

Во Грција во просек на ден се имунизираат по 39.656 лица, и со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.