21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Бојаџи и одговори на Кузевска: Навредивте две земји членки на ЕУ мотори на европската идеја ако политиките на СДСМ се успешни како можеме ние негативно да влијаеме

Директорот на телевизија Алфа, Јани Бојаџиm одговори на лажните обвинувања на Богданка Кузевска од СДСМ. Тој истакна дека станува збор за неосновани лажни обвинувања кон две високо развиени држави членки на Европската Унија.

Станува збор за Унгарија и Словенија, а според него овие две земји се мотори на европската идеја и високо развиени држави со сериозен демократски капацитет. Бојаци посочи дека добро е познато  дека станува збор за обид за застрашување, но ниту тој, ниту новинарите од Алфа се плашат бидејќи телевизијата работи според прописите, а го имаме и најсилното можно оружје во свои раце, вистината, додаде тој.

Бојаџи вели дека СДСМ, ја обвинува Алфа дека  шири лажни вести за успешните политики на СДСМ, но ако тие се успешни како тоа може едни лажни вести да ја нарушат нивната успешност. Дополнително тој потенцираше дека против телевизијата во последните 6 месеци нема ниту еден правен спор.

-Во последните 6 месеци телевизија Алфа нема произведено ниту еден правен спор, нема тужба од ниту едно правно, ниту едно физичко лице, нема покренато никаков правен спор со ништо, вели Бојаџи.