Бојан Јовановски имал прснат чир

Состојбата со Бојан Јовановски била повеќе од критична. Кога го донеле во Градската болница „Св.Наум Охридски“ веднаш била направена хируршка интервенција на неговиот желудник со полна анестезија.

Како што дознаваме од болнички извори тој имал дупка од два сантиметри во неговиот желудник од кој извлекле два литра течност.

Тој подолго време има проблем со желудникот и требаше да оди на контрола и снимање уште пред шест месеци но судот тоа го игнорираше.

Доколку бил донесен половина час подоцна тој можел да добие сепса и да почине.  Боки утре требаше да се појави на рочиште за случајот Меѓународен сојуз но сега е неизвесно дали тоа ќе се одржи.

„Бојан Јовановски имал прснат чир и направена му е операција. Неговата состојба засега е стабилна и не сакам да навлегувам во шпекулации дали ќе добиел сепса или не“, изјави за „Фокус“ докторот Љубен Арсенков од „Св. Наум Охридски“.