Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 39.637 новозаразени со коронавирусот, а 873 починати, извести во неделата бразилското министерство за здравстви.
Иако се големи, овие бројки забележани овој викенд, сепак, се помали отколку што беа во текот на минатата седмица кога дневно од Covid-19 умирале по повеќе од 1.800 луѓе.
Во оваа јужноамериканска држава од почетокот на пандемијата се забележаи вкупно речиси 17 милиони заразени, додека бројот на починатите надмина 470.000, според официјалните податоци, иако постојат мислења дека бројките се значително поголеми.
Според бројот на заразените Бразил е третата земја на светот, веднаш зад САД и Индија. Според бројот на починатите, пак, е на второто место.
Вакцинирањето на населението бавно напредува во земјата. Досега вакцинирани со двете дози се помалку од 11 отсто од 212-те милиони жители.